Жарко Барјактаревиќ нов ракометар на Прилеп

117
После Христијан Милошески и неколкуте продолжени договори со најискусните, РК Прилеп во наредната сезона ќе смета на услугите и на Србинот Барјактаревиќ кој после одличните партии сезонава, во тимот на Јуниор Кисела Вода го привлече вниманието на раководството на клубот и тренерот Кузманоски, и се очекува да биде големо засилување за новата сезона во Суперлигата.

Станува збор за 197 сантиметри висок десен бек кој својата кариера ја градел во екипите на Раднички Крагујевац, Железничар, Металопластика, Врање и последно екипата на Јуниор Кисела Вода.

Во својата кариера има настапи во ЕХФ Купот како и во дресот на јуниорската репрезентација на Србија.
ПретходноКаланоски го засили Силекс
СледноНишто од НБА: МВП на Евролигата останува во Ефес!