Серхио Рамос многу веројатно дека идната сезона ќе игра во таборот на ПСЖ. Францускиот вицепрвак му понудил на стоперот двегодишен договор кој наводно бил прифатен, и во следните часа се очекува да биде официјализиран.
Дефанзивецот кој долги години беше дел од Реал Мадрид, се реши да не го продолжи договорот и да замине како слободен играч.
Рамос наводно ќе заработува приближно исто како во Реал, меѓутоа двегодишниот договор бил клучот за Рамос да прифати да се пресели во Париз.