И официјално: Крсте Велкоски уште две години во Сараево!

344

 

Како што вечерва објавија челниците на Сараево, Крсте Велкоски капитенот на “бордо“ тимот и натаму ќе остане во клубот. Тој потпишал нов, двегодишен договор со Сараево па така останува на “Кошево“ се до 2023 година. Велкоски сега има 33 години, кога ќе му заврши договорот ќе има 35, па веројатно ова му е и последен договор со неговиот омилен клуб.

Откако беше објавена информацијата за продолжување на договорот, македонскиот репрезентативец кој се прости од селекцијата по завршувањето на ЕУРО 2020, истакна.

“Многу сум среќен поради продолжување на соработката. Веќе шест години го носам овој дрес. Овој клуб и овој град засекогаш ќе бидат мојот дом. Се радувам на освојување на уште многу трофеи во иднина, ќе се обидеме да ги радуваме нашите фанови“ посочи Велкоски.

ПретходноПетиција во Франција со која се бара поништување на мечот со Швајцарија!
СледноРаде Цицмиловиќ: Амбициите на Воска се да биде меѓу водечките!