Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека англиските клубови ќе жалат за нивната одлука да се повлечат од Европската Суперлига.
„Се наоѓаме во многу тешка економска ситуација. Нема пари на пазарот, нешто треба да се отстрани и промени. Порано или подоцна, англиските клубови ќе жалат за нивната одлука. Мора јасно да разберете дека Суперлигата нема да влијае на националните првенства. Барселона ќе се стреми секоја година да ја освојува Ла Лига“, потенцирал првиот човек на каталонскиот клуб.
Суперлигата ја формираа 12 европски врвни клубовисо идеја да ја замени Лигата на шампионите, но на учесниците на проектот им се закануваше исклучување од националните турнири, а промоцијата беше откажана.