Лапорта: Би сакал да објавам дека Меси останува но во моментов не можам

181

Од вчера по речиси двасетина години професионелн фудбал Лионел Меси за прв пат е слободен агент. Му заврши договорот со тимот на Барселона, и сега се очеку да се види што понатаму.

Првиот човек на Барселона, Лапорта изјави дека преговорите допрва ќе се интензивираат и дека тој се надева на поволна завршница за него и за клубот.

„Секако дека сакаме Лионел да остане. Така и планираме. Сепак, во моментов не можам да ви потврдам. Би сакал да ја имам таа информација за вас во моментов и да објавам дека е потпишан нов договор, на релација Барселона – Меси, но за жал ја немам. Работиме напорно на тоа, преговорите допрва ќе се интензивираат“ – изјави Лапорта.

Меси во моментов е на Копа Америка заедно со своите соиграчи од репрезентацијата на Аргентина.

 

ПретходноМората: Работев со многу тренери, но од Енрике ја добивам најголемата поддршка
СледноСтигна потврда: Е. Пелистер директно во групи, Металург и Пролет во квалификации за ЛЕ