„Марка“: Крос ја напушта репрезентацијата на Германија

172

Играчот за врска на Реал Мадрид и репрезентацијата на Германија, Тони Крос, по се изгледа го одигра последниот меч за Германија токму на ова ЕП. Според информација на весникот „Марка“, натпреварот со Англија беше последен за 31-годишниот фудбалер во дресот со националниот грб.

Крос одлучил да ја заврши кариерата во националниот тим и ова ќе го објави наскоро. Тој е дел од германската репрезентација од 2010 година. Со репрезентацијата го освои светското првенство во 2014 година, а исто така стана и бронзен на Мундијалот во 2010 година и го освои третото место на Европските првенства во 2012 и 2016 година.

ПретходноМанчини ќе направи една промена во тимот за дуелот со Австрија
СледноФудбалер на Арсенал во сообраќајна несреќа го преврте на покрив својот Мерцедес