Во сплетот на иформации кои светските медиуми ги лиферуваат на тема Лионел Меси и неговиот штотуку завшрен договор со тимот на Барселона, доаѓа веројатно најјинтересната, и тоа од Бразил.
Клубот, Ибис Спорт Клуб, кој е нисколигаш и кој има серија од порази која трае речици четири години и кој светот официјално го прогласи за најлош клуб на планетава официјално објави дека му понудува договор на Меси. И тоа не било каков.
Во него има клаузули од кои човек може само да се смее. Од типот дека истиот е во траење од 15 години, дека Меси ќе биде плаќан по учинок, и дека ако не постигнува доволно голови, ќе биде извбркан. Исто така дека „десетката“ за него е недостапна, затоа што таа е вечна на грвот на клупската легенда, Мауро Шампо.
Последната клаузула вели дека Лионел Меси мора три пати да каже дека Пеле е подобар од Марадона.