Нема возачка, на стадион доаѓа со такси, а главен играч е на светска велесила!

3597

 

Педро Гонзалез или Педри е фудбалерот кој е еден од главните ѕвезди на ЕУРО 2020. Младиот репрезентативец на Шпанија има само 18 години, но е главен во “фуријата“. Едноставно без него не се може. Велат дека потсетува на еден Иниеста, но и дека има потенцијал да биде еден од најдобрите шпански фудбалери во историјата, па и во Европа.

Дечкото се уште нема положено возачки испит, па затоа на стадион или на тренинг доаѓа со такси, но без разлика на тоа тој е главниот “шраф“ на светската фудбалска велесила.

Играчот за врска на Барселона против Словачка имаше три асистенции, со Хрватска исто блескаше. Досега на ЕУРО само Тони Крос има повеќе пасови од него на противничката половина, со оглед на тоа дека Германија е е елиминирана, тоа значи дека Педри ќе биде играчот кој ќе има најмногу додавања на ова ЕУРО.

„Смирен сум, знам дека има уште простор да напредувам“ посочува Педри.

Алваро Мората пак за него говори само во суперлативи…

“Нема сомневање дека Педри ќе стане еден од најдобрите фудбалери во историјата на Шпанија“.

ПретходноНЦАА-лигата повеќе нема да биде аматерска
Следно„Жртвата“ на бруталниот старт на Даниелсон, може да паузира до крајот на годината