Ништо од НБА: МВП на Евролигата останува во Ефес!

262

Иако имаше шпекулации дека српскиот кошаркар Василије Мициќ, кој беше прогласен за МВП на изминатата сезона во Евролигата, ќе се пресели во НБА, од тоа нема ништо.

Србинот потпиша нов тригодишен договор со Ефес, и со тоа во тимот од Истанбул можат да бидат мирни со оглед дека завршија голема работа со неговото задржување.

Мициќ се поврзуваше со НБА тимот на Портланд, меѓутоа до тоа нема да дојде, и веројатно со новиот договор Србинот нема намера да оди во најсилната професионална кошаркарска лига на Светот.

ПретходноЖарко Барјактаревиќ нов ракометар на Прилеп
СледноПетковиќ ќе биде нов тренер на Фенербахче!