ОФИЦИЈАЛНО: Рибери ја напушти Фиорентина и е слободен играч

212

Фиорентина денеска потврди дека Франк Рибери не е повеќе играч на клубот од „Артемио Франки“ затоа што неговиот договор истече синоќа. По две сезони со „виолетовите“, францускиот крилен играч изрази желба да продолжи во Фиренца по назначувањето на Винченцо Италијано за нов стратег, но од клубот не одлучија да му понудат договор по негова мерка.

Поранешниот фудбалер на Баерн и Марсеј и екс-француски репрезентативец во текот на летото ќе бара нов клуб. Инаку 38-годишниот Рибери за Фиорентина одигра 51 меч.

 

 

 

 

ПретходноБековите Моралес и Диало се нови играчи на Вардар 1961
СледноКЛ: Холанѓани му судат на Шкупи, Белоруси на Струга Трим Лум, а Силекс ќе има судии од Велс!