Петиција во Франција со која се бара поништување на мечот со Швајцарија!

4286

Лудост, наивност или некој друг погруб збор. Никако не може поинаку да се сфати петицијата во Франција на која се потпишале дури 250.000 лица, а со која се бара од УЕФА поништување на мечот со Швајцарија. Да потсетиме дека на тој осминафинален дуел “триколорите“ беа елиминирани на пенали од Швајцарците, и тоа по промашувањето на мега – ѕвездата Килијан Мбапе, односно по одбраната на швајцарскиот голман Зомер во последната, петта серија од пенал – рулетот.

Иницијаторите на оваа петиција сметаат дека Франција е оштетета, зошто при шутот на Мбапе, голманот Зомер не бил на гол – линијата, па така ги прекршил правилата.

ПретходноКапитенот со огнени стрели кон ОФМ по смената на Матијашевиќ: Ова е срамота!
СледноИ официјално: Крсте Велкоски уште две години во Сараево!