Петковски е нов голман на РК Пролет

111

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Петковски, е нов член на Тинекс Пролет откако денеска го потпиша договорот со третопласираниот тим од ланската сезона во мак-ракометот.

Петковски неодамна беше и дел од Б-репрезентацијата која одигра две контролни средби против селекцијата на Србија. Зад себе има одлична сезона во дресот на Голден Арт и ќе застане меѓу диреците по заминувањето на искусниот Петар Ангелов.

Андреј Петковски е првото од неколкуте предвидени засилувања за наредната сезона, откако во изминатиот период беа потпишани нови договори со Ласко Андоновски, Дејан Пецаковски и со Давор Палевски.

ПретходноКејн: Летнавме по победата над Германија, но мораме да се вратиме на земја
СледноОдбојкарите добија нов селектор пред настапот на ЕП