Раде Цицмиловиќ: Амбициите на Воска се да биде меѓу водечките!

1792

Се чини дека се “пишува“ убава фудбалска приказна крај Охридското езеро. Клубот Воска од Охрид, пред неполн месец влезе во ВМФЛ – ЗАПАД и веднаш пројавува големи амбиции. Клубот во досегашниот тек од преодниот рок прво го ангажира познатиот стратег Раде Цицмиловиќ, а потоа и неколкумина квалитетни засилувања, како Изаир Емини, Михајло Јакимовски, Наум Вељаноски, Енис Дервиши, Емир Алиу, Шпенд Асани.

Повеќе од сигурно е дека ќе има уште изненадувања, на радост на фановите на овој клуб.

За тоа што може да се очекува од Воска, за Спортмедиа свој коментар има Раде Цицмиловиќ.

“Видете, Воска е нов второлигаш и амбициозен клуб со амбициозен газда Нефи Усеини. Во минатата сезона има доста инвестирано во инфраструктурата, а оваа сезона амбициите се да бидеме меѓу водечките клубови во Втората лига – запад. Оваа сезона кокуренцијата на западот ќе биде многу силна, има доста квалитетни екипи, тука пред се се Вардар и Силекс кои ќе се борат за тоа прво место“ вели Цицмиловиќ.

ДОНЕСЕНИ СЕ КВАЛИТЕТНИ ЗАСИЛУВАЊА

И самиот Цицмиловиќ не крие дека е задоволен од тоа како мина досега преодниот рок.

“Да, задоволен сум од новите имиња, од засилувањата. Се се тоа квалитетни играчи. Ние правиме тим со кој ќе може да им се спротиставиме на сите екипи во Лигата. Но тука не застануваме, имаме намера да се донесеме барем уште 2-3 квалитетни играчи. Зарем треба да се трошат зборови кој  е Изо Емини, а сите останати се засилувања за Воска во вистинска смисла на зборот. Со подготовки стартуваме на 7 јули, до стартот на сезоната планираме одигрување на најмалку седум пријателски натпревари, во кој сите играчи ќе добијат шанса. На крај да кажам дека јас верувам во овој проект, сметам дека со многу напорна работа ќе ги оствариме целите кои се зацртани пред нас“ заврши Цицмиловиќ.

ПретходноИ официјално: Крсте Велкоски уште две години во Сараево!
СледноАмериканец со искуство во летната НБА-лига ќе слета во Гостивар