Рафа е само вториот менаџер кој ги тренирал и Ливерпул и Евертон

132

Ливерпул и Евертон се соседи, но не толку агресивни или жестоки како што е случај со другите градски ривали како Милан и Интер, Ривер и Бока, Спартак и Динамо од Москва, Тотенхем и Арсенал…

Но, не се случувало често некој тренер да работи и во едниот и во другиот клуб. Тоа се случи оваа година, поточно пред еден ден кога Рафаел Бенитез прифати да работи на „Гудисон Парк“ како менаџер на Евертон, а претходно долго време беше менаџер на Ливерпул.

Всушност, тој е само вториот менаџер во историјата кој работел и во едниот и во другиот клуб. Претходно такво нешто се случило пред 129 години. Вилијам Едвард Баркли работел како тренер на Евертон во 1888 година, а четири години подоцна станал тренер на Ливерпул.

Рафа презема голем ризик, но не очекува да биде остро критикуван или навредуван што после „Енфилд“ го одбрал „Гудисон“.

ПретходноФудбалер на Арсенал во сообраќајна несреќа го преврте на покрив својот Мерцедес
СледноДортмунд потврди: Санчо оди во Манчестер Јунајтед за фиксни 85 милиони евра!