Стигна потврда: Е. Пелистер директно во групи, Металург и Пролет во квалификации за ЛЕ

160

ЕХФ официјално објави кои екипи, вкупно единаесет на број ќе бидат дел од групната фаза од годинешната Лига на Европа.

Со вајлд карта ќе биде доделено едно место, и тоа за екипа која доаѓа од земја, која нема директен учесник во групната фаза, а списокот на учесници ќе се комплетира преку квалификациите. Од таму ќе пристигна дванаесет екипи.

Еурофарм Пелистер влегува директно во групната фаза заедно со  Магдебург, Горење, Савехоф, Винтертур, Татран Прешов, Чеховски Медведи, Кокс, Нант, Бидасоа и Татабања.

Што се однесува пак до преостанатите наши клубови во ова натпреварување, Металург односно Пролет, за нив е резервирано место засега во квалификациите. ЕХФ на 13 јули ќе ги објави комплетните информации околу оваа фаза.

Претходно на 6 јули ќе биде познат и 12-тиот тим што ќе има место со вајлд-карта во групната фаза. Исто како и лани ќе се има 4 по 6 екипи, па осминафинале, четвртфинале и Ф4.

Ждрепката за квалификациите ќе биде на 20 јули, а за групната фаза во октомври.

ПретходноЛапорта: Би сакал да објавам дека Меси останува но во моментов не можам
СледноВоска не се шегува, Михајло Јакимоски ново засилување