Спортмедиа завчера го најави, а денеска Тиквеш и го потврди трансферот на Урош Мирковиќ (30), интернационалец од Србија. Откако задоволи на пробата, раководството на кавадарчано одлучи да го задржи Мирковиќ и со тоа да го освежи средниот ред на својот тим. Инаку Урош Мирковиќ во двојата кариера има играно и за екипите на Борац Бања Лука, Крупа, Радник Сурдулица, а последен клуб му бил Чапљина од БиХ.
A и Данаил Тасев е новото засилување на Тиквеш. По помината 1 година во ФК Работнички Скопје каде настапуваше младиот фудбалер, се враќа во својот матичен клуб .
Тиквеш и дефинитивно се засилува, а дека има добар тим тоа го потврди на вчерашната контрола против Македонија ЃП во која победи со 4:2.