Федерер сигурен против Гаске за пласман во 3.коло на Вимблдон!

344

Роџер Федерер, исто како и Новак Ѓоковиќ, избори пласман во 3.коло на Вимблдон. Шцајцарецот попланево славеше со 3:0 во сетови против Ришар Гаске, а во гемови беше 7:6, 6:1 и 6:4. Освојувачот на осум титули на најпрестижниот тениски турнир во светот, оваа година атакува на деветиот, речиси немаше никакви проблеми, освен во првиот сет кога Гаске пружи најголем отпор, но сепак Роџер го доби во тајбрек.

Според прогнозите, па и по сите оние силни откази и елиминации во првите две рунди, се очекува во финалето на Вимблдон 2021 да се најдат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

ПретходноАлиоски во друштво на Меси и Рамос во идеалниот тим на „Скај Спорт“
СледноКапитенот со огнени стрели кон ОФМ по смената на Матијашевиќ: Ова е срамота!