Хрватска остана во игра, Русија не обезбеди место за Токио

299

По поразот од Бразил, „коцкестите“ во тесен меч го добија Тунис со 75-70. Хрватските кошаркари добро го отворија мечот, поведоа со 20-11, а потоа одржуваа минимална позитива. Хезоња со 27 поени и 8 скока беше прво име, Богдановиќ запиша 14 поени.

Русија не успеа да обезбеди место на ЛОИ, оваа селекција го запиша вториот пораз во квалификациите, овој пат од Германија со 69-67.

„Зборнајата“ имаше шанса за победа, но на две секунди до крајот промаши Мотовилов. Германија успеа да обезбеди полуфинале на квалификацискиот турнир во Сплит, ќе игра со Хрватска.

Словенија ја запиша втората победа во квалификациите за ЛОИ во Токио. По Ангола, без проблем ја совлада и селекцијата на Полска, со максимален учинок е на првото место на табеата во групата Б. Најефикасен кај победникот беше Лука Дончиќ со 18 поени и 10 асистенции, еден поен помалку имаше Препелиќ.

Победниците во полуфиналните пресметки ќе им се приклуќат на осумте селекции кои веќе обезбедија место на ЛОИ, а тоа се: Аргентина, Австралија, Франција, Иран, Нигерија, Шпанија, САД и домаќинот – Јапонија.

 

ПретходноАмериканец со искуство во летната НБА-лига ќе слета во Гостивар
СледноКарстен Вархолм урна светски рекорд – стар 29 години