Раководството на Јувентус очекува да добие одговор од Кристијано Роналдо на прашањето дали Португалецот сака да продолжи да игра за клубот. Договорот на 36-годишниот напаѓач истекува за една година, па раководните структури на клубот сакаат да знаат кои се неговите намери за да можат да го испланираат што и како понатаму.