Директор на Јувентус, Федерико Черубини очекува португалската суперзвезда Кристијано Роналдо да продолжи да го носи дресот на „бјанконерите“. Шпекулациите за иднината на 36-годишниот напаѓач на стадионот „Алијанц“ не престануваат, но според Черубини во оваа фаза нема индиции дека Португалецот ќе го напушти клубот.
„Нема знаци кои укажуваат на трансфер во заминување – ниту од Кристијано, ниту од наша страна. „Многу сме среќни што тој ќе се приклучи на тимот по паузата“, рече Херубини за време на прес-конференција.
За потсетување Роналдо има уште една година договор со Јувентус но исто така има и огромна плата која е тежок товар за буџетот на клубот.