Екипата на Гостивар продолжува со градење на тимот за следната сезона, во која ќе мора да се покаже многу подобро од изминатата.
Само ден по трансферот на Никола Силаџи, раководството на клубот се пофали дека дресот на Гостивар ќе носи играч кој бил дел од летната НБА-лига и тоа во дресот на Сакраменто Кингс. Станува збор за Деонте Буртон кој игра на бековската позиција и има 27 години. Овој кошаркар има искуство во Г-лигата која се смета како втора најсилна после НБА-лигата.