Македонскиот шампион во женска конкуренција, екипата на ЖФК Каменица Саса доведе ново засилување на голманската позиција. Од клубот потврдија дека нов чувар на мрежата на клубот во новата сезона ќе биде репрезентативка на Босна и Херцеговина, Јелена Гвоздерац.
Гвоздерац во Каменица Саса се сели од ЖФК Борац од Бања Лука. После пет одлични сезони во премиер лигата на Босна и Херцеговина таа ја започнува интернационална кариера во Македонија.