Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли ќе ја напушти Гран Канарија и ќе ја продолжи кариерата на Балканот, поточно во најдобриот црногорски клуб Будуќност.
Будуќност е блиску до услугите на американскиот кошаркар кој од ноември 2020 игра за Македонија, а минатата сезона ја почна во Гран Канарија, а ја доврши во Сарагоса како позајмен.
Вајли ги носеше дресовите на Лудвигсбург, Аделаиде, Гран Канарија, Панатинаикос и Сарагоса.
Инаку пред Вајли, Будуќност се засили со Един Атиќ од Игокеа и Марко Јагодиќ Куриџа од Црвена Звезда.