Русија нема да му прости на Черчесов: Отказот е подготвен, се чека финансиска разврска

414

Станислав Черчесов ќе биде отпуштен од функцијата селектор на руската фудбалска репрезентација. Вечерва повеќе руски медиуми објавија дека во Руската федерација веќе два дена се дискутира на оваа тема и се бара начин како да се заврши соработката со 57-годишниот стратег.

Според информациите, РФУ ќе започне преговори за условите за раскинување на договорот со претставник на Черчесов во наредните денови.

„Сè уште не е побарано тој да ја напушти функцијата. Сепак, тимот на Черчесов не брза да го раскине договорот. Страните ќе разговараат за надомест на штета според договорот“, изјавил извор во РФУ.

ПретходноБордо и Анжер пред исфрлање од француската Лига 1?
СледноПолувреме: Италија почна моќно, Лукаку од пенал ја остава Белгија во игра (ВИДЕО)