Кожув задржа уште еден играч од минатогодишниот ростер. Станува збор за македонскиот репрезентативец Марко Симоновски, кој го продолжи договорот на уште една сезона. Претходно потпис стави Пајиќ, а во таборот на тимот од Гевгелија се врати и Начевски. Ново име е Кирил Николовски, кој ќе го засили рекетот.