Искусниот играч за врска на Реал Мадрид, 31. годишниот Тони Крос објави дека повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Германија, односно дека местото го отстапува на помладите.
Крос ја донесе оваа одлука автоматски по елиминацијата на Германија од актуелното ЕУРО, на кој „Панцирите“ не се прославија.
Крос беше дел од репрезентацијата на Германија десетина години и беше учесник во освојувањето на голем број на трофеји.