Екипата на Охрид претстави уште двaјца нови играчи за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Нови членови се Мурат Адили и Игор Клечкаровски. Тие ќе го сочинуваат новиот напаѓачки тандем, со кој екипата одново ќе се бори за пласман во елитата.
Претходно нови договори со Охрид потпишаа Ајрадин Цуцули и Љупчо Трпески, а клубот го напуштија Роберт Митев, Бурхан Алији и Шериф Реџепи.
Да потсетиме дека Охрид заврши на второто место на табелата во ланската сезона и играше бараж за влез во најсилното друштво, но драматично испадна од Ренова.