Вуко Борозан ја завршија својата мисија во Веспрем. Откако унгарскиот тим ја имаше една од најлошите сезони, не успеа ниту да ја освои титулата во домашниот шампионат, а не се најде ниту на Ф4 завршницата, раководството на клубот најави промени.
Покрај смената на Давид Дејвис на тренерското место, кое во иднина ќе му припадне не Момир Илиќ, има промени во составот.
Во новата сезона соиграчи на Дејан Манасков нема да бидат Вуко Борозан, чие заминување беше најавено нешто порано, но сега е официјално. Во тимот нема место ниту за Данил Шишкарев, како и за Николај Маргусен.
Нови имиња во Веспрем се: Марк Бодор на левата бековска позиција, Борис Дерњеи (десно крило), Петер Лукач (среден бек) и Зоран Илиќ (десен бек).