Нигерискиот интернационалец Виктор Мозес останува во редовите на московски Спартак. Но сега тој потпиша постојан договор со времетраење од две сезони. Претходната сезона ја играше како позајмен од Челзи.
Овој офанзивен крилен фудбалер играше за многу англиски клубови, почна во Кристал Палас, па играше за Виган, отиде во Челзи, па беше позајмуван во Ливерпул, Стоук, Вест Хем, беше една сезона во турски Фенербахче, пола сезона во Интер, па минатата сезона отиде во Спартак. Одигра 19 натпревари во руската Премиер лига и реализира четири голови.