ЕУРО 2020, 1/4 ФИНАЛЕ: „Судир“ на фаворитите во Минхен, Швајцарија бара рецепт и за Шпанија!

314

Денеска ќе бидат познати две селекции кои ќе продолжат во полуфиналето на ЕУРО 2020. Се играат два натпревари, најпрво во 18 часот Швајцарија ќе игра против Шпанија, а потоа следува „шлагот“ – Белгија против Италија.

Италија и Белгија ги остварија сите победи во досегашниот тек на ЕУРО, и сега една селекција мора да биде поразена и да испадне. Дуелот се игра во Минхен, а за благи фаворити важат Италијанците, особено што Белгија ќе биде ослабена без услугите на Де Брујне и Еден Азар кои се повредени. Сепак, одредени медиуми пишуваат дека Де Брујне би можел да се најде во составот.

„Ќе се бориме против времето да ги оспособиме Де Брујне и Азар да играат. Ќе одлучиме непосредно пред мечот. Знам дека многу луѓе очекуваат вести, но сега не можеме да ги дадеме“, рече белгискиот селектор Мартинез, знаејќи дека многу нешта во играта зависат токму од нив двајца, особено од Де Брујне.

Италија, пак, се надева на уште една „чиста мрежа“ во регуларен дел и триумф, иако зборуваат со респект кон противникот.

„Ќе играме наша игра, и секогаш ќе го респектираме противникот без разлика против кого играме. Нема лесни натпревари на целото ЕУРО, особено не во ваква фаза. Белгија е една од најдобрите селекции во Светот во моментов. Но, нема да смени ништо, затоа што секој натпревар е тежок во оваа фаза“, рече Манчини.

Во 18 часот во Санкт Петербург, Швајцарија ќе игра против Шпанија и ќе бара нова сензација по онаа против Франција. Швајцарците ќе настапат ослабени без Гранит Џака кој мора да паузира поради картони. Шпанија, пак, се чини ја најде виситнската форма, иако Енрике вели дека посбен акцент треба да биде ставен на одбраната, која против Хрватска прими три гола.

Швајцарците, пак, се пласираа во 1/4 финалето елиминирајќи ја селекцијата на Франција во драматичен меч и дури по изведувањето на пеналите. Сега сакаат нова сензација, но дали ќе можат против Шпанија, која е еден од фаворитите на ЕУРО.

ПретходноВардар 1961 ги доби противниците во ЛШ, почнува против Елверум
СледноВардар тргнува на гости кај Елверум, Мешков прв гостин во „Јане Сандански“