Во 1997 година Осијек во потрага по нови играчи, „налетала“ на тогаш анонимниот Андреј Шевченко. Украинецот практично бил понуден на Осијек меѓутоа имало една пречка – парите, пишува „Спортске новости“.
Иако за Шевченко малку се знаело тогаш, а Динамо Киев ни одблиску не била она што е сега, легендарниот напаѓач бил дел од вториот тим на клубот од Киев, а цената била само пола милион долари.
Меѓутоа тоа било премногу за Осијек, со што пропаднала шансата да еден од најдобрите напаѓачи на 21. век отиде во Хрватска, со што веројатно и кариерата немаше да се движи во тој правец.
И ова е само една од многуте приказни кои се врзуваат за Балканот, како што е онаа за Јаја Туре кој наводно не минал проба во Железничар, или Димитар Бербатов кој бил блиску до Вардар, но на крајот се решил да остане во Бугарија.