И во Гевгелија на големо се подготвува составот за новата сезона во мак-баскетот. Раководството на клубот денеска си подаде рака со тројца кошаркари.
Во дресот на Кожув се врати Даниел Начевски, кој минатата сезона играше за Пелистер. Нова едногодишна соработка потпиша Предраг Пајиќ, кој беше еден од најдобрите кошаркари во гевгелискиот табор минатата сезона.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ново име е Кирил Николовски. Поранешниот македонски репрезентативец поради повреда беше надвор од терените, не ја доигра сезона во Работнички. Николовски се одлучи да се пресели во Гевгелија.