Бесард Шабовиќ, фудбалерот со македонско потекло кој засега игра за Шведска, се пресели во Русија, и во новата сезона ќе игра за Химки.
Шабовиќ, кој играше досега во Кајзериспор, игра во средниот ред, а веќе почна да игра контролни натпревари за својот нов тим.
Шабовиќ имаше настапи за селекциите на Шведска до 19 години, а потоа се реши да го прифати повикот за македонската селекција до 21 година. Меѓутоа повторно се премисли, и играше и за шведскиот млад национален тим.
Потпиша за Химки до 2023 година.