Миловановиќ, Зекири и Данаиловски во стројот на Симиќ

476

Машката селекција „Под 20“ години од пред некој ден работи во полн состав. На тренинзите во Скопје, се приклучија тројца доста важни кошаркари во овој состав.

„Со нас се и Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, а од пред некој ден и Павел Данаиловски. Поради школски обврски го немаме Иванов. Очекуваме скоро да се врати од Словенија, за да се екипираме пред она што ни следува – првите контролни натпревари“, изјави Симиќ. 

Овој викенд, поточно на 4. јули оваа наша селекција ја чека и првата проверка. Во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се сретне со комбинирана универзитетска селекција од САД. А потоа следуваат и дуелите против соодветните селекции на Украина и на Бугарија, кои ќе бидат наши гости до 9.јули.

„Овие натпревари ќе ги сфатиме како натпреварувачки. Кога го говорам тоа, мислам дека за секој натпревар ќе играме со 12.кошаркари, иако на подготовките имаме неколку повеќе. Секако, ќе комбинираме, ќе ги провериме сите кандидати за националниот дрес. Можно е до почетокот на натпреварите списокот да биде пократок за некое име. Ќе видиме“, коментира селекторот.

Извесно е дека овој дел од подготовките ќе помине без Лука Савиќевиќ.

„Тој има проблеми со препонскиот дел. Лекарите советуваа мирување, што е и основна рехабилитација за таков вид на повреда. Сметаме на неговите услуги, но тука последниот збор ќе го имаат докторите. Извесно е дека нема да игра на турнирот во Скопје“.

ПретходноКаменица Саса ќе игра со Јувентус во Лигата на Шампионите
СледноСтартуваше и Скопје, најава за спонзор и големи инвестиции во клубот