Португалскиот стручњак по отказот од Тотенхем не чекаше долго и договори соработка со Рома.
„Посебниот“ денеска ќе пристигне во Рим, пред да замине за Италија, испрати порака до навивачите на Рома.
„Ги пакувам работите, се гледаме наскоро“, порача Мурињо.
Sta arrivando pic.twitter.com/8q2IUhyU9g
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 2, 2021
Португалецот се враќа во Серија А по 11 години, во периодот од 2008 до 2010 година го водеше Интер со кого оствари феноменален успех. Рома на титулата чека 20 години, во својата историја има освоено три.