Норич се пофали со Били Гилмор

190

Тимот на Норич официјално го потврди трансферот на Били Гилмор. Талентираниот играч за врска на Челзи ќе игра на Кероу Роуд на позајмица до крајот на сезоната.

 Шкотскиот репрезентативец кој има 20 години,  забележа 11 натпревари за првиот тим на Челси минатата сезона, од кои пет во Премиер лигата. Тој остави многу добар впечаток за време на Евро 2020, прогласен за играч на натпреварот во дербито со Англија.

“Возбуден сум што сум тука. Со нетрпение чекам да започне сезоната. Едвај чекав да дојдам тука, да играм што е можно повеќе и да му помогнам на Норич во Премиер лигата. Разговарав со менаџерот Даниел Фарке. Имавме многу пријатен разговор за тоа како тој сака да играме и како ја гледа мојата улога, изјави Гилмор. 

ПретходноТолку од Тони Крос за Германија
СледноХисај и Марушиќ за посилен Лацио