Пелистер со унгарски репрезентативец на голот

179

РК Еурофарм Пелистер има нов голман, а тоа е унгарскиот репрезентативец, Мартон Секељи. 31-годишниот голман потпиша едногодишен договор и како и другите ракометари од ростерот на клубот, ќе се јави на првиот тренинг на 19 јули.

Секељи минатата сезона ја мина во Порто, а претходно настапуваше за Балатонфуреди, Чурго, Татабања и Веспрем. За националната репрезентација собра 49 настапи. Во досегашниот дел на кариерата освои СЕХА Гаспром лига со Веспрем и двојна круна во Португалија со Порто. Беше прогласен за унгарски голман на годината во 2018 година. Клубот ќе го претстави по неговото пристигнување во Битола.

Претходно од Битола си замина египетскиот голман Карим Хендави кој се врати дома и потпиша за Замалек.

ПретходноАдили и Клечкаровски во нападот на ГФК Охрид
СледноДесетти автогол на европското првенство, Шпанија води против Швајцарија (видео)