Веспрем во новата сезона на клупата ќе има ново тренерско име. Откако Давид Дејвис и покрај сите ѕвезди во составот не успеа да дојде до титулата во Лигата на шампионите и до пехарот во унгарскиот шампионат, раководството на клубот одлучија да ја прекине соработката со шпанскиот стратег.
Задачата да го носи Веспрем кон успехот му е доверена на Момир Илиќ. Поранешната икона на овој тим доби и официјална промоција.
Со какви предизвици ќе се соочи во новата сезона во ЛШ, ќе биде познато наскоро, во 11 часот е закажана ждрепката за групната фаза.