Откако репрезентацијата на Франција шокантно е елиминирана од осминафиналната фаза од тековното ЕУРО од страна на Швајцарија секојдневно излегуваат на површина сите проблеми во таборот на оваа селекција.
Француските медиуми објавија меѓусебна концерзација на репрезентативците во која главен збор имаат Адриан Рабио и Пол Погба.
Очигледно дека овие двајца воопшто не се поднесуваат и имале жолчна расправија.
„Ако имаш проблем со мене веднаш да го кажеш“ – му вели Погба на Рабио.
„Или ќе се браниме сите заедно ќе отиде се по ѓаволите. Ако не сакаш да играш одбрана оди играј мал фудбал“ – му возвраќа Рабио.
На ова Погба му вели да замолчи, на што Рабио реагира уште по жестоко.
Иако Килиан Мбапе беше тој што го промаши последниот пенал во серијата, сепак, нему никој ништо не му замерува според Француските медиуми, туку проблемот е очигледно поинаков.