Фенербахче го врати Витор Переира: „Недораскажаната приказна ќе има среќен крај“

215

Португалскиот стратег Витор Переира е новиот тренер на турскиот фудбалски гигант Фенербахче. „Жолто-сините“ одлучија повторно да се потпрат на тренерот кој ги раководеше во сезоната 2015/16 и сега објавија и наслов: „Недораскажаната приказна ќе има среќен крај“ алудирајќи дека Переира доаѓа да го доработи она што не успеа претходно, да ја освои титулата во Суперлигата.

Потпишан е двегодишен договор.

Переира во тренерската кариера има осум трофеи, од кои четири му се шампионски: со Шангај СИПГ, со Олимпијакос и два со Порто.

ПретходноБелгија ќе мора без Еден Азар, Манчини напаѓа со Киеза
СледноШпанија е во полуфинале – на пенали ја елиминира Швајцарија