Македонскиот фудбалски репрезентативец Ферхан Хасани за првпат зборуваше по заминувањето од Партизани Тирана. Во интервју за албанскиот „Панорама Спорт“, 31-годишниот играч за врска изјави дека побарал да си замине од Партизани само поради тренерот Илир Даја.
„Повеќе не сум играч на Партизани и сакам да им се заблагодарам на луѓето од клубот, но и на навивачите. За жал, игравме без навивачи додека бев во Албанија, но ја чувствував нивната поддршка. Одлуката да го напуштам Партизан беше моја. Причината е што немав доволно простор. Илир Даја не ме сметаше за дел од стартниот тим. Секако, јас сум професионалец и го почитувам изборот на тренерот, но исто така знам дека не сум играч за да играм 7 или 10 минути“, изјавил меѓу другото Ферхан Хасани.