Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

265

Шпанскиот фудбалер Хуан Мата ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед на уште една година.

33-годишниот фудбалер на „Олд Трафорд“ пристигна во јануари 2014 година од редовите на Челзи за 46 милиони евра. Со Манчестер Јунајтед освои четири трофеи, а постигна 51 погодок на 273 натпревари.

ПретходноЧешките навивачи не патуваат во Баку поради строгите протоколи
СледноВеспрем им се зблагодари на двајца екс-вардарци