Шпанија е во полуфинале – на пенали ја елиминира Швајцарија

103

FOTO> Официјален Твитер профил на УЕФА ЕУРО 2020

Репрезентацијата на Шпанија се пласира во полуфиналето на Европското првенство откако вечерва на стадионот во Санкт Петербург беше подобра од Швајцарија. „Фуријата“ славеше по пенал-рулетот откако во 120 минути немаше победник.

Шпанците поведоа во 8. минута со автоголот на Закарија, а изедначи Шаќири во 68. минута.

Тој резултат остана по 90 минути и по 120 минути иако Шпанците пропуштија многу одлични шанси за гол, поточно голманот на Швајцарците Зомер имаше ги држеше шансите на својот тим за полуфинале.

Дојдоа пеналите. По првата серија Бускетс ја погоди стативата, а погоди Гаврановиќ. Потоа за Шпанците погодуваа Олмо и Морено, промаши Родри, а Швајцарците ги промашија своите три пенали и испаднаа.

Немаа среќа како со Франција кога го елиминираа светскиот шампион на пенали.

ПретходноФенербахче го врати Витор Переира: „Недораскажаната приказна ќе има среќен крај“
СледноВиктор Мозес потпиша на две години со Спартак