Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со совлада Денис Кудла во третото коло на „Вимблдон“ и се пласира во четвртата рунда. Новак славеше со убедливи 3:0 (6:4, 6:3 и 7:6) по сетови.
Во наредната фаза српскиот ас ќе игра против чилеанскиот тенисер Кристијан Гарино кој е на 20 место на АТП листата. Со него има еден дуел и тоа минатата година во АТП купот и го победи.
Во следната рунда влегоа Рублев по победата над Фоњини со 3:1, Качанов (подобар од Тафо), Фушкович (по триумфот над Шварцман со 3:1), Баутиста.
Кај дамите денеска триумфираа Плишкова (над Мартинцова), Свјонтек (над Бегу), Сабаленка (против Осорио Серано), Самсонова (против Стивенс), Рибакина (против Роџерс), Жабер (против Мугуруза), Голубиќ (против Бренгле).