Лионел Меси долг период е прв играч на репрезентацијата на Аргентина. Уште од неговите почетоци во 2005 година кога на 17 август, беше закажан пријателски меч против Унгарија. Тогаш младиот Меси туку што сврстен во најдобриот аргентински состав бил дел од него заедно со ПАбло Алварадо.
Играч кој никогаш не ни дебитирал з Аргентина туку бил само дел од составот. Тој денеска има интересна анегдота поврзана со Меси.
„Во тоа време од федерацијата доделуваа 50 долари за повик. Мене ми дадоа банкнота од 100 долари, а половина од парите требаше да му ги дадам на Лионел. Но, јас никогаш не го сторив тоа, едноставно немав ситно. А суштината беше што никогаш повеќе и не го сретнав. При првата наша средба му враќам 50 долари“ – изјави Алварадо.