Бордо и Анжер можат да бидат исклучени од француската Лига 1, објавија денеска неколку француски медиуми.
Иницијативата е на Националната дирекција за управување – организацијата што ги следи финансиските извештаи на француските клубови. Одлуката за преселба на Анжер во Лига 2 е поврзана со финансиски неправилности. Клубот поднесе жалба на одлуката, а опственикот на клубот, Саид Шабан рече дека врз одлуката влијаело отсуството на конкретен документ.
Што се однесува до Бордо, тука одлуката на ДНЦГ се должи на неподготвеноста на американската компанија „Кинг Стрит“, која е сопственик на клубот, да го финансира. Клубот сака да го префрли сопствеништвото на поранешниот сопственик на Лил, Жерард Лопез. Тој очекува дека жалбата на Бордо исто така ќе биде прифатена.