Вардар 1961 ги доби противниците во ЛШ, почнува против Елверум

396

Вардар 1961 во новата сезона во Лигата на шампиони ќе има тешка задача. Единствениот македонски претставник се најде во групата А заедно со: Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.

Во првото коло, Веслеин Вујовиќ и неговите момци ќе играат против Елверум, додека во второто коло ќе се сретнат со Мешков Брест. Наскоро ќе биде познато дали ќе почне дома или пак на гости.

Во група Б пак се најдоа ПСЖ, Барселона, Порто на Никола Митревски, Келце, Фленсбург, Веспрем на Дејан Манасков, Динамо Букурешт и Мотор.

Според системот на натпреварување ќе се одиграат 14. кола, тимовите кои ќе завршат на првите две места ќе се пласираат во четвртфиналето, додека последните две екипи ја завршуваат сезоната, останатите ќе играат во нокаут фазата.

Новата сезона во Лигата на шампиони ќе почне на 15/16 септември, додека пак фајнл-фор завршницата ќе се одржи 18-19 јуни.

ПретходноМурињо сам се најави: Пред да слета во Рим испрати порака (ВИДЕО)
СледноЕУРО 2020, 1/4 ФИНАЛЕ: „Судир“ на фаворитите во Минхен, Швајцарија бара рецепт и за Шпанија!