Искусниот 34-годишен фудбалер Џон Оби Микел, најде нов клуб. Тој идната сезона ќе игра за Ал Кувајт од Кувајт.
Некогашната ѕвезда на Челзи, пред извесно време ја заврши соработката за Стоук Сити.
Искусниот играч за врска веројатно и тука ќе ја заврши кариерата.
Тој најголемата слава ја стекна во Челзи во кој играше 11 години – од 2006 до 2017 година, со кој освои две Премиер лига титули и една во Лигата на шампионите. За Челзи одигра на 372 официјални натпревари.
Welcome @mikel_john_obi
💙❤️
.#نادي_الكويت#kuwaitclub#العميد_الملكي pic.twitter.com/KxjSzFZI6e— نادي الكويت الرياضي (@kuwaitclub) July 1, 2021