Тимот на Шкупи е еден од нашите претставници летово, во Конверенциската лига на Европа, а првиот меч на меѓународна сцена го игра на 8 јули против тимот на Лапи.
Истиот се игра на Арената Тодор Проески во Скопје, а од утре официјално ќе почне и продажбата на билетите кои ќе чинат 200 денари.
Натпреварот ќе се игра со 30% од капацитетот на стадионот и навивачите мора да ги почитуваат анти-ковид мерките, да ги дезинфицираат рацете, да ја измерат температурата, да не се собираат и да одржуваат социјална дистанца за време на натпреварот.