Стартуваше и Скопје, најава за спонзор и големи инвестиции во клубот

2643

Новиот прволигаш екипата на ФК Скопје стартуваше со овогодинешните летни подготовки. Тимот од Автокоманда како и секоја година тивко и без многу помпа што се вели работи на својот стадион и секогаш тоа се исплати. Скопје е клуб кој многу често знаел во прволигашката конкуренција да одигра сериозна улога и да биде клубот кој се прашува за многу нешта.

Во таа насока е и овогодинешниот старт на подготовките на кој играчите, стручниот штаб, како и управата на клубот, ги поздрави градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски, кој во оваа прилика вети дека ќе се погрижи на ФК Скопје да му бидат обезбедени сите услови кои се возможни во моментов. А тоа е пред се реконструкција на постоечката инфраструктура на стадионот, а потоа и пронаоѓање на стабилен спонзор за да ФК Скопје во континуитет продолжи да функционира на највисоко можно ниво.

„Пиратите“ на стартот на подготовките можат да се пофалат со неколку новитети, а тука се Ален Јашароски, Бенјамин Демир, Андреј Ефремов, Христијан Пецов….

ПретходноМиловановиќ, Зекири и Данаиловски во стројот на Симиќ
СледноТолку од Тони Крос за Германија